Меган Маркл е во третиот месец на бременоста, бебето се очекува на пролет

Меган Маркл и принцот Хари очекуваат принова, потврди Кенсингтонската палата. Кралското бебе ќе се роди на пролет, 2019.

Војвотката од Сасекс е бремена, оваа вест брзо се прошири на социјалните медиуми, а доаѓа од Кенсингтонската палата. Сите гласини за наводната бременост на поранешната американска глумица, сега се потврдија.

-Кралското семејство е среќно за веста и сите лично им честитаа пред да заминат на нивното патување во Австралија – објавува весникот „Мирор“.

Од Кенсингтон палатата не наведуваат во кој месец од бременоста е Меган, но судејќи според прогнозите за породувањето, веќе се зборува дека е во третиот.

x

Check Also

Изглед на денот: Розовиот светкав костум на Мишел Обама

На европската турнеја на која ја презентира својата хит книга, автобиографијата Becoming, ...