Меган Маркл e жртва на иронијата на сатиричната телевизиска емисија

Војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат меѓу протагонистите на претстојната телевизиска емисија која по долг период одново заживува. Легендарната емисија е позната по карикатурите на политичките познати личности како и познатите личности од јавниот живот.

Ова Меган Маркл едноставно не го очекуваше.

Историската серија во осумдесеттите и деведесеттите години ја забавуваше јавноста преку ликовите како Маргарет Тачер и Михаил Горбачов, а честопати провоцираше спектакуларни наслови на насловните страници на високотиражните весници и списанија. Режисерот на серијата, која наскоро ќе се врати на БритБокс,  открива дека сатирата овојпат најмногу ќе биде насочена кон војвотката.

Поминаа цели 24 години откако последната епизода на „Спитинг Имиџ“ се емитуваше, а јавноста ќе ја памети по шишето џин на кралицата, и по Камила во кревет заедно со Дајана и Чарлс. Но, за новите епизоди, нејзиниот креатор Роџер Лоу, ветува уште повеќе ироничност и сарказам. Меѓу протагонистите, освен војвотката, ќе бидат и Владимир Путин, Донал Трамп, и други. Сепак, најочекувани се Меган и Хари.

x

Check Also

Меган и Хари ја „сменија“ Канада за Лос Анџелес

Војвотката и војводата од Сасекс со синчето одлучиле да ја напуштат Канада ...