Меган Маркл го напушти кралското семејство затоа што беше помалку важна од Кејт, се тврди во книгата „Интимни мемоари од кралицата Мери до Меган Маркл“

Во книгата „Палата Кенсингтон: Интимни мемоари од кралицата Мери до Меган Маркл“, која предизвикува сензација во Велика Британија, новинарот Том Квин ја открива позадината на сите познати станари на познатата палата. Амбициозната и драматична Меган стана премногу глумица и затоа не успеа да стане вистинска принцеза.

Принцезата Дајана се сончаше полугола на терасата, без оглед на хеликоптерите во околината. Принцезата Маргарет му се закани на својот сопруг дека ќе оди во кревет со еден нејзин пријател. А Меган Маркл пак, обидувајќи се да ја игра улогата на принцеза до совршенство (обидувајќи се да ја имитира Лејди Дијана), му се раздрала на еден од слугите на Кејт, и оттука започнува нејзината размисла за излегување од палатата. Ова се само некои од откритијата објавени во книгата на Том Квин – соработник на весници  „Тајмс“ и „Дејли мејл“ и автор на бројни биографии, објавени неговиот нов бестселер „Палата Кенсингтон: Интимни мемоари од кралицата Мери до Меган Маркл“.

Книгата која во продажба е денес, предизвика огромен ингерес во Велика Британија.

Во едно неодамнешно интервју за италијанските медиуми, Квин проговоре и за мемоарите („Пронаоѓање на слобода“) кои моментно ги пишуваат Хари и Меган, книга која се чека наскоро во продажба.

-Ќе се обидат да ја кажат својата вистина и да ги пренасочат жртвите, односно ќе се обидат да покажат дека тие се жртви, но во реалноста вистината изгледаше поинаку, вели Квин.

За ривалството на Меган и Кејт, авторот објаснува.

– Тие се со многу блиска возраст, и двете се многу убави. Но, Меган многу рано сфати дека, и покрај многу напор, таа никогаш не можеше да го достигне истиот ранг како Кејт. Вилијам секогаш би бил предодреден да стане крал, а Кејт кралица. Додека се покажа многу силна и амбициозна, Меган никогаш не можеше да се снајде во таа улога. Секогаш ќе останеше на второто место. И мислам дека ѝ беше многу тешко да се прилагоди.

Квин продолжува: „Исто така, верувам дека заради нејзината позадина како успешна актерка во Соединетите држави, кога стана принцеза Меган помисли дека сè уште е на сет. Таа сакаше да игра улога што ќе и овозможи да ги покаже своите актерски способности. Но, затоа таа ги форсираше работите премногу. Тајната на успехот е да се биде вистинска – и Кејт е многу добра во ова – таа е опуштена во улогата. Не мора да правите ништо, не мора да бидете принцеза, затоа што веќе сте. Да се биде принцеза не е дел од филмска улога.

Според Квин, Меган се обидувала да игра улога на пинцеза, но не била задоволна што не добива за тоа соодветна почит и внимание, што сметала дека го заслужува.

-Кога еден од слугите на Кејт во палатата Кенсингтон, како што ми беше пренесено, и рекол на Меган дека има други работи што треба да ги направи пред да може да и помогне, Меган му извика: „Како се осмелуваш да зборуваш со мене вака!“, продолжува Квин.

Според Квин, рекацијата на слугата воопшто не била груба, тој само се оградил со зборовите дека не работи за неа и дека прво треба да направи нешто друго за кое работи.

-Мислам дека Меган Маркл немаше намера да се покаже груба со кревање глас, но епизодата беше соопштена на Кејт, која беше вознемирена од тоа. После тоа, секојпат кога двете се појавуваа на телевизија, говорот на телото го откриваше студенилото меѓу двете. Кејт сфати дека Меган е неексплодирана бомба и дека мора да се биде внимателна токму затоа што може да експлодира во секој момент. И ова беше почетокот на нетрпението меѓу двете војвотки, продолжува Квин.

Според авторот на книгата, и слугите се држеле од Меган на одредена дистанца, а ја нарекувале агресивна принцеза. Исто така забележале дека многу се обидува да го имитира начинот на однесување и зборување на омилената принцеза на народот, Дајана. Таа се обидувала себеси да се претвори во нова верзија на Дајана, во нова принцеза на народот.

-Голема грешка од нејзина страна, беше подобро да се опушти затоа што немаше потреба да се грижи за својто статус.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...