Меган Маркл и Бијонсе на премиерата на филмот „Кралот лав“

Двете девојки со истенчен стил, војвотката од Сасекс, Меган Маркл и пејачката Бијонсе се најдоа на ист црвен тепих – на лондонската премиера на филмот „Кралот лав“.

На лондонската премиера на филмотThe Lion King, Маркл пристигна во друштво на сопругот, принцот Хари, облечена во црн долг фустан.

Елегантниот и класичен изглед, Маркл го заокружи со црни салонки на висока потпетица и мала чантичка.

На премиерата на филмот присуствуваше и Бијонсе, облечена во жолт фустан со трендовски набори. Средбата на двете дами на црвениот тепих беше пријателска.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...