Меган Маркл и Хари кажаа „не“ на кралскиот статус: Чарлс се заканува дека ќе ги скрати приходите на парот

По најавата дека се повлекуваат од кралскиот живот (што никој не ја очекуваше), поранешната актерка Меган Маркл веќе се враќа во Торонто, додека Хари останал во Лондон за да го „реши“ целиот проблем. Поранешниот војвода од Сасекс ќе мора да се занимава со преговорите за заеднички договор со кралицата Елизабета и другите членови на кралското семејство.

Кралското семејство, особено принцот Чарлс, не се согласува со одлуката на Меган и Хари, наследник на престолот. Според „Тајмс“, всушност, принцот се заканил дека повеќе нема да го плаќа нивниот кралски удел, а тоа се неколку милиони фунти годишно. Откако поминале подолго време во Канада, Меган и Хари се вратиле само за да го објават нивниот „развод“ од кралството, а тоа сепак скапо ќе ги чини и двајцата.

Сите британски таблоиди, и не само британски, се прашуваат зошто овој избор? Дали е ова вистинскиот избор? Кралицата Елизабета е тажна и длабоко разочарана, принцовите Чарлс и Вилијам се гневни за дезертерството на Хари и Меган. Дури и Англичаните не ја поднесоа веста добро.

 

x

Check Also

Каја Гербер е лице во пролетната кампања на Џими Чу

Каја Гербер продолжува да се искачува кон врвот на модните скалила. Новиот ...