Меган Маркл и Хари пред проблем: Раѓањето на кралското бебе ќе донесе финансиски проблеми на монархијата

Како што известива CNN, лицата задолжени за финансии во кралското семејство моментно се соочуваат со проблеми, и тоа поради една работа. Со оглед на тоа дека Меган Маркл је сеуште државјанин на САД, исто државјанство со раѓањето ќе наследи и нејзиното дете, кое како седмо во линијата за наследство на круната, ќе добие и британско државјанство.

Поради тоа детето ќе биде и даночен обврзник во Америка, а се тоа би можело да донесе Даночната служба да ги побара на увид кралските сметки.

-САД по тоа се единствени во светот, зашто како државјанин на таа земја морате да плаќате и данок на истата. Па така, се додека Меган е државјанин на Амрика, ќе плаќа данок, објаснува Дејвид Трител, експерт за даноци, додавајќи дека законот дава право на американската даночна служба да добие увид и во сметките на Хари и Меган, но и на нивното дете.

Како американска државјанка, без разлика каде живее, Меган е обврзана да го пријавува данокот, како и секоја странска сметка која ќе ја отвори во банка кадебило во светот, имот повреден од 200 илјади долари и подароци поскапи од 15.797 долари. Колку далеку оди американскиот закон зборува и тоа дека војвотката од Сасекс, веројатно морала да го пријави и венчалниот прстен кој на подарок го добила од британската кралица Елизабета Втора, дијамантскиот веренички прстен, како и свадбените подароци добиени од селебрити пријателите.

x

Check Also

Емили Ратајковски во секси фустан од Мајкл Корс

На црвениот тепих на наградите Тони, топ моделот Емили Ратајковски ги привлече ...