Меган Маркл и Кејт Мидлтон ја потврдија популарноста на жолтата боја

Секоја година, една боја е многу популарна – лани тоа беше розовата, а годинава е жолтата.

Популарноста на жолтата боја ја потврдија и Меган Маркл и Кејт Мидлтон. Се започна на почетокот на месецов, кога Маркл, која инаку е позната по неутралните тонови на гардеробата која ја носи, се појави во фустан во силна жолта нијанса. Фустанот беше од модната марка Брендон Максвел. Само недела подоцна, Кејт Мидлтон покажа впечатлив и многу сличен стил кога на Вимлбдон се појави во жолт фустан од Долче и Габана.

Амал Клуни на кралската свадба

И Амал Клуни за свадбата на Маркл и принцот Хари направи избор на жолт фустан, во комбинација со златни чевли и жолта шапка.

Во летните колекции на популарните модни марки најдовме повеќе трендовски парчиња во жолта нијанса, па одлучете се и вие ова лето да блеснете во бојата на сонцето.

Жолт плисиран фустан од Манго

x

Check Also

Стопи се од попусти до -70% во Капитол мол

Нашето секојдневие е исполнето со обврски заради кои имаме помалку време за ...