Вчера, на два различни настани во текот на денот, Кејт Мидлтон и Меган Маркл се облечени во многу слична модна комбинација.

Кејт Мидлтон
За двете војвотки изборот бил бургунди бојата, а нијансите малку се разликуваат. Војвотката од Кембриџ ја посети Неуро-научната лабораторија, облечена во бургунди здолниште и сако, во комбинација со црна ролка. Војвотката од Сасекс ја посети Хаб заедницата, облечена во фустанче и палто во бургунди нијанса. Палтото и фустанот се од марката Клуб Монако.

Меган Маркл
Ова не е првпат војвотките да носат слична гардероба, па дури и на ист настан. Во јули, на финалето на Вимблдон, двете носе жолти фустани.