Меган Маркл има нов омилен бренд на чевли

Можеме да се опкладиме дека за новиот омилен бренд на чевли на војвотката од Сасекс, не сте слушнале. Но подеднакво сме сигурни дека благодарение на Маркл, брендот ќе стекне светска слава.

Станува збор за модната марка за чевли Тамара Мелон. Токму од овој бренд војвотката од Сасекс носеше повеќе чифта чевли со високи потпетици, поточно во пет различни пригоди. Инаку Мелон е британскa дизајнерка, која порано била ко-сопственичка на луксузната марка за чевли Џими Чу. Од 2016 година таа работи самостојно, основајќи сопствена фирма.

-Бев една од основачите на марката Џими Чу во 1996 година. Сеуште сум опседната со чевли, но не и со традиционалната изработка. Го редефинирам луксузот и го работам тоа што најдобро го знам – дизајнирање на чевли и кршење на правилата, изјави Мелон.

Чевлите на Мелон се поефтини од оние на Џими Чу и другите марки од овој ранг, а се произведуваат во Италија.

Маркл првпат облече чифт чевли од Мелон во април, минатата година – црни со нагласени ремчиња и со високи потпетици. На Commonwealth Youth Форумот во Лондон, повторно ги носеше истите чевли но во комбинација со фустан од Altuzarra. Еден месец подоцна, за роденденот на принцот Чарлс, носеше друг модел од Тамара Мелон – во нежна беж нијанса.

x

Check Also

Погледнете ја 49-годишната Наоми во фотосесија за списанието WSJ

Октомврискиот број на списанието WSJ го краси црната пантерка – Наоми Кемпбел. 49-годишната ...