Меган Маркл инспирира како се носи бело од „глава до пети“

Вчера, на перформансот The Wider Earth, по повод прославата на 210-от роденден на Чарлс Дарвин, војвотката од Сасекс се појави во модна комбинација во бела боја.

Белиот миди фустан со ролка и со крој кој ја следи линијата на телото е од новата колекција на Келвин Клајн. Бело е и палтото, совршено за два три сантиметри подолго од фустанот. Во трендовска зелена нијанса се чевлите со висока потпетица, а во истата нијанса е и чантичката.

Од накит пак, само мали дискретни обетки.

Модниот изглед е заокружен со (вообичаено) дискретна шминка во темни тонови на праска. Инспиративно, нели?

x

Check Also

Кајли Џенер во бикини од Шанел што се постари од неа

Супермоделот Кајли Џенер постираше фотографии на Инстаграм, како на краткиот одмор, носи ...