Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската стоковна куќа John Lewis ја претстави модната колекција под името “Smart Set” која ја направи во соработка со организацијата “Smart Works”.

Војвотката од Сасекс на оваа хуманитарна колекција работела осум месеци. Колекцијата ќе се продава две недели, а содржи пет деловни модни парчиња.

На промотивниот настан Меган пристигна во панталони и кошула од колекцијата, кои ги комбинираше со чевли на високи потпетици од Маноло Бланик.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...