Меган Маркл ја уреди насловната на Вог, критиките поделени, фановите бесни

Меган Маркл е уредничка – гостинка на најважното издание на Вог, септемвриското издание. Таа е прв член од кралско семејство кој се појавува во ваква улога.

Насловната страница уредена од Маркл е на темата “Forces for Change”, а претставени се 15 жени на кои самата Меган им се восхитува. Омилените жени на војвотката од Сасекс се ѕвезди, политичарки и активистки кои се познати по тоа што се залагаат за промовирање на различностите, рамноправноста, подигнување на свеста и климатските промени. На насловната, меѓу другите, се наоѓа глумицата Џејн Фонда, 16-годишната активистка Грета Танбберг, балерината Франческа Хејворд, премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн.

Првичниот договор со Вог беше самата Маркл да биде на насловната страница, но тоа се променило.

-Меган не е на насловната затоа што сметаше дека тоа би било многу претенциозно, открива уредникот Едвард Енинфул. Ова е најрадикалниот потез во 100-годишната историја на Вог, а воедно и најважно издание за оваа година.

Соработката меѓу Маркл и Вог делумно беше поттикната од Амал Клуни која ја охрабила Меган да ја искористи шансата во највлијателното модно списание за промоција на хуманитарната работа.

Сепак, критиките се поделени, а бројни се и негативните критики околу оваа насловна страница. Голем дел од Британците и се лутат на Меган што меѓу жените на кои им се восхитува не е кралицата, но и поради тоа што на листата нема здравствени и просветни работнички.

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...