Меган Маркл ќе биде гостин-уредник во Вог

Интересна вест за фановите на британското кралско семејство и војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Веќе е познато, Маркл е на породивно отсуство и ретко с епојавува во јавноста, но тоа не ја спречува да ја прифати понудата на уредникот на британскиот Вог да му помогне во уредувањето на модните страници за најважното – септемвриско издание.

Британскиот уредник на Вог, Едвард Енифул, ја поканил војвотката од Сасекс да учествува во уредувањето на септемвриското издание на Вог. Според договорот, освен во уредувањето на модниот едиторијал, Маркл ќе има и своја модна колумна каде ќе ги претстави своите мислења околу трендовите.

Едвај чекаме тоа да го видиме, и прочитаме.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...