Меган Маркл ќе го позајмува својот глас во серијата „Симпсонови“?

Според пишувањето на Mirror, продуцентот на серијата би сакал да ја ангажира војвотката од Сасекс како глумица која ќе го позајми гласот за Лиза Симпсон.

По Дизни, Симпсонови. Списокот на професионални ангажмани на Меган Маркл почнува да се дополнува и нејзината агенда наскоро може да се пополни со обврски. Изгледа дека пристигна нова понуда за работа за Војвотката од Сасекс: глумица која ќе го позејми својот глас во добро познатата анимирана серија Симпсонови.

„Мирор“ открива дека продуцентите на познатата серија размислувале за улога за Меган, уште веднаш по понудата на Дизни.

Интересно е што продуцентите не размислуваат само за вклучување на Маркл во серијата, туку и за понуда да биде вклучена и шведската активистка Грета Тунберг која стана позната со своите активности за климатските промени. Ако Грета се согласи, овие две славни жени ќе имаат прилика да работат заедно.

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...