Меган Маркл ќе го прослави сама Денот на вљубените

Како што пишуваат британските весници, иако ова би требало да биде првиот Ден на вљубените за принцот Хари и војвотката од Сасекс, откако се во брак, празникот на љубовта нема да го поминат заедно.

А тоа беше повод за „злите“ јазици да почнат да шпекулираат дека нешто се случува во нивната врска.

Сепак, вистинската прчина поради која принцот Хари нема да биде со својата сопруга на 14-ти февруари е бидејќи има закажан краток пат во Норвешка, како генерал на кралската морнарица.

Изгледа дека само уште нивниот однос не остана „раздрман“ од гласините, а веруваме дека така и ќе остане.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...