Меган Маркл ќе мора да го почека овој важен настан пред да планира деца

Според членови на кралското семејство, „новопечената“ кралска двоја – Меган Маркл и принцот Хари, ќе мора да почекаат да помине еден многу важен настан, пред да почнат сериозно да размислуваат на проширување на семејството, односно да имаат деца.

„Иако Хари кажа дека сака да се смири и да почне со проширување на семејството, мислам дека двојката ќе почека додека не заврши најавената есенска турнеја, пред тие сериозно да размислуваат да имаат деца“, вели Џејмс Брукс.

Тој понатаму коментираше – „И двајцата, особено Хари, се свесни за одговорностите во Кралството што ги имаат со нивните нови улоги, а сега турнејата е потврдена и се планира, па тие ќе треба да бидат сигурни дека таа ќе се одржи“.

Есенската турнеја на Војводата и Војвотката вклучува посета на Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонга.

 

x

Check Also

Модна утка на Меланија Трамп во Египет

Во последниве недели, Меланија Трамп го привлекува вниманието со неколку, последователни модни ...