Меган Маркл ќе носи два фустана на свадбениот ден

Како што се наближува кралската свадба на глумицата Меган Маркл и принцот Хари, толку меѓу нивните фанови расте љубопитството што Маркл ќе носи на големиот ден. Изгледа, нема да носи само еден фустан, туку два.

Според списанието Vanity Fair, идната принцеза на свадбениот ден ќе облече две креации. Првиот фустан ќе биде невестинскиот, кој ќе го носи на официјалната свадбена церемонија, а за забавата која е закажана за вечерта Маркл ќе облече друг фустан.

Невестинскиот фустан е дизајниран да биде гламурен, елегантен, но „рестриктивен“, односно традиционален, со построг крој, според правилата на кралското семејство, додека „парти“ фустанот ќе биде во стилот и темпераментот на Маркл. Иако на двата фустани веќе се работи до совршенство, дизајнерите сеуште се чуваат во тајност.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет позираат за нова рекламна кампања

Ангелите на Викторија сикрет повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна ...