Меган Маркл ќе продуцира филмови во Холивуд, гласините велат чека второ дете

Војвотката од Сасекс, пишуваат американските и британските таблоиди, не се појавува во јавноста за да ја скрие својата втора бременост.

Други гласини пак, наведуваат дека Меган Маркл веќе се договорила да продуцира филмови и телевизиски серии во Холивуд. Освен тоа таа ќе се занимава и со добротворни активности, но се уште не може да почне со нив поради пандемијата.

Принудени од забраната наметната пред неколку месеци од кралицата, војводите официјално го затвориле „Сасекс Ројал“, со што дополнително се дистанцираа од стариот кралски живот и кралското семејство.

Сепак, не е сè розово во резиденцијата Сасекс во Малибу. Британските весници зборуваат за жестоки дискусии и длабоко чувство на незадоволство поради тоа што доцнат (поради пандемијата) нивните активности. Според некои извори, Хари дефинитивно се одрекол од Зелениот картон и неговата намера да стане американски државјанин, па во прашање ќе биде доведен неговиот иден престој во Соединетите држави.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...