Меган Маркл критикувана од Холивуд за документарниот филм на Дизни: Непотребно помпезна, како патка во езерце…

Војвотката од Сасекс беше студено пречекана од филмските критичари: таа беше наречена „премногу вештачка и нестрплива“.

Има такви што ја сакаат и такви што ја мразат. Меган Маркл успеа да предизвика лавини реакции и меѓу филмските критичари со нејзиното позајмување на гласот во новиот документарен филм на Дизни, насловен „Слон“. Новите информации кои доаѓаат од американските весници се дека улогата на Маркл е неавтентична. Некои критичари рекоа дека премногу е вештачка за улогата и дека премногу брза во читањето на текстот.

Критиките пристигнаа токму на денот на нејзиното официјално збогување од кралските обврски, 32 март. Меган и Хари, во меѓувреме, се преселија во Лос Анџелес со синчето со желба да започнат нов, независен живот. Премиерата на филмот ќе биде на 3 април.

Критики пристигнаа и од познатите весници и списанија. „Тајмс“ напиша дека актерката е „непотребно помпезна“, додека „Гардијан“ истакна дека нејзиниот наратив е како оној на „патка во езерцето“. „Вариети“ го нарече филмот „меден“, додека други весници го нарекоа „сентиментален“.

 

 

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...