Меган Маркл на породување ќе носи готвач и хигиеничар

Меган Маркл се подготвува за породувањето, па не е чудно што ги презима сите мерки за се да помине во најдобар ред.

Плановите за доаѓањето на свет на првото бебе на Меган и Хари на големо се во тек. Според британските медиуми, Меган одлучила да не се пораѓа во истата болница каде што се породила Кејт Мидлтон, болницата Сент Мери, и тоа од повеќе причини. Имено, војвотката од Сасекс била зачудена од хигиената и санитарните услови на оваа болница, па не можела да разбере како Кејт можела таму да се породи.

Според критериумот за оценки, оваа болница од возможни 5 поени, од Меган добила 2-ка. Затоа, таа размислува да се породи во болницата Frimley Park, која се наоѓа надвор од Лондон и многу е поблизу до нивниот нов дом.

Во болницата Меган планира да однесе и свој персонал, вклучувајќи и готвач и хигиеничар.

x

Check Also

Кејт Мос и Каја Гербер во новата кампања на Стела Мекартни

Стела Мекартни обедини два топ модела од различни генерации во новата кампања ...