Меган Маркл не го дочека британското државјанство

Меган Маркл не го дочека британското државјанство за кое аплицирала уште по свадбата во 2018 година. Со оглед на тоа што според Законот, за да добие британско државјанство треба да живее констатно во Велика Британија, шансите истото да го добие се минимални.

Според последните неформални изјави пренесени од американските медиуми, поранешната глумица нема намера ни да го чека државјанството, туку наводно се откажува од него.

Откажувањето од британското државјанство е нов удар за кралското семејствокое во изминатиот период се соочуваше со разделбата од принцот Хари и неговата сопруга.

Да се потсетиме, Хари и Меган ќе треба да вратат над 2,4 милиони фунти на британските даночни обврзници, кои се искористени за реновирање на замокот Фрогор котиџ во Виндзор.

Кралицата неодамна објави дека Меган треба да го врати целиот накит од кралската колекција, вклучително го и прстенот со син дијамант.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...