Меган Маркл носи суперекономичен фустан од 65 долари на кралската турнеја во Африка

Кралската турнеја во јужна Африка започна, а Меган Маркл веќе ги собра првите позитивни критики за гардеробата која ја носи.

На нејзиниот прв кралски ангажман, војвотката се појави облечена во црно-бел памучен фустан со миди должина, во комбинација со еспадрили на висока платформа кај петата, онакви какви што постојано носи Кејт Мидлтон.

Овој разигран стил на војвотката моментно стана хит кај нејзините фанови, па така фустанот се распордал за помалку од 24 часа. Неверојатна распродажба, но така и беше оечкувано.

Фустанот е од „хај стрит“ брендот Mayamiko, кој има производство во јужно-афричката република Малави, а чини само 65 долари. Еспадрилите пак, се од марката Castaner.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...