Меган Маркл открива какво ѝ било првото работно место и работни задачи

Посетата на Австралија на Меган Маркл и принцот Хари продолжува, а Меган и понатаму успева да шармира со нејзините анегдоти и искрени изјави кои ја прават блиска до сите.

При посетата на средното женско училиште Macarthur Girls High School, каде присуствувале на лиричниот танц на ученичките, војвотката од Сасекс ја открила нејзината прва работа.

Според The Kitchn, Маркл одговарајќи на прашања рекла дека нејзината прва работа била во продавница за замрзнат јогурт „Humphrey Yogart“.

Паула Шефелд, сопственичката на продавницата „Humphrey Yogart“ вели:

-Имаше минимална плата и беше многу популарна кај клиентите.

Според австралискиот весник  New Idea, војвотката од Сасекс на девојките од училиштето ја објаснила нејзината прва работна задача, а таа била да го фрла ѓубрето.

 

x

Check Also

Улична мода: Инспирирајте се од стилот на парижанките за време на Модната недела во Париз

Дојде време повторно да погледнеме на уличната мода за време на Модната ...