Меган Маркл, озборувања: „Каприциозна е и арогантна”, уште една доверлива личност од персоналот најавила оставка

Озборувањата за Меган Маркл продолжуваат – и легендарната секретарка на кралицата, наводно, „бега“ од Маркл. Поради неподносливиот карактер на Војвотката од Сасекс, уште еден член од персоналот на кралското семејство сака да ја напушти работата.

Озборувањата за Маркл продолжуваат да беснеат, а сега се шпекулира дека доверливата секретарка Саманта Коен ќе ја напушти службата веднаш по раѓањето на кралското бебе, следната пролет. Барањата и желбите на сопругата на принцот Хари биле премногу итни, толку многу „притискала“ да се извршат итно работите, што повеќе членови од персонал повеќе не сакаат да го трпат таквиот притисок.

Описите за тоа каква е навистина Меган Маркл не се совпаѓаат со нејзиниот изглед и насмевка која ја гледа јавноста. Според Сандеј Тајмс, војвотката од Сасекс поради својата каприциозност и неподнослив карактер, предизвикала Саманта Коен, 50-годишна австралиска асистентка, која 17 години работи во служба на кралицата, да посака да ја напушти службата. Инаку, секретарката Коен е позната како најдоверлива личност на кралицата Елизабета.

Според гласините, Коен, наречена „пантерот”, токму поради нејзиниот тврд карактер, станала „мало јагне“ пред сопругата на принцот Хари. Секретарката ја најавила својата оставка поради тешкотии во справувањето со барањата на припадниците на Сасекс. Таа беше избрана да ја учи Меган на  судските правила и кралскиот протокол, но задачата се покажа како многу напорна. Истото важеше и за Мелиса Тубати, која пред една месец ја напушти функцијата, бидејќи Меган направила извршувањето на нејзината профсија да биде неподносливо.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...