Меган Маркл, озборувања: Зад насмевката големо незадоволство

Новиот живот на поранешната актерка не е патека поплочена со рози, еве зошто.

Откако е во брак со принцот Хари, војвотката од Сасекс ги изгубила сите стари пријатели. Со влегувањето во кралското семејство, поранешната актерка ги изгубила сите контакти со блиските од минатото, што денес таа не знае повеќе кому да му верува. Дека нејзиниот живот сосема ќе се преврти по венчавката, секако и било добро познато, но можеби не очекувала дека многумина би и го свртеле грбот. За само четири месеци сè се сменило околу неа. Не само што треба да се почитуваат новите правила и кралските протоколи, туку треба да ги поднесува и лошите односи со нејзиниот татко Томас (кој не дојде ни на свадбата), и претходните напади од нејзината полусестра,  кои често сакаа да ја прикажат Маркл во лошо светло пред очите на јавноста.

А сега, се зборува и за загубата на многу од нејзините најдраги пријатели. „Таа го загуби контактот со многумина од нејзините најблиски пријатели, а тоа воопшто не и беше лесно“, открива извор близок до палатата Кенсингтон за списанието „Пипл“, нагласувајќи дека на војвотката и е тешко да најде нови, доверливи пријатели, односно да создаде нови пријателства. Меѓу ретките кои останале со неа, е Џесика Мулрони, планер на свадби која живее во Торонто и стилистот Дениел Мартин, кој ја нашминка Меган за свадбата. „Таа е сеуште истата личност“, изјавил Мартин за „Пипл“.

Меѓутоа, нема индискрекција за тоа кои се луѓето што ја напуштиле Меган. Сепак, според гласините, Меган доброволно се оддалечила од нејзините претходни релации, за да си осигура порезервиран општествен живот. Прекрасната Меган, сепак, може да ужива во безусловната љубов на Хари кој ја обожава, а и на другите членови на кралското семејство.

x

Check Also

Среќен роденден „Исцелител“ – една година од светската премиера

Денеска изминува една година од светската премиера на Исцелител, дебитанскиот филм на ...