Меган Маркл планира враќање во Холивуд

Филмската агентка на војвотката од Сасекс, Џина Нелторп Каун изјавила дека Меган планира да се врати на глумата веднаш по породувањето, пишува британскиот весник „Дејли Мејл“.

Маркл во актерскиот свет се прослави со улогата во серијата ‘Suits’.

-Сигурна сум дека повторно ќе снима филмови, навистина тоа го мислам, рекла агентката, која ја споредила Маркл со Грејс Кели која поради бракот се откажала од глумата.

Каун неколку години била филмски агент на Меган Маркл, се додека таа не се запозна со принцот Хари. Покрај деловната соработка, тие се и пријателки.

x

Check Also

Моника Белучи стана русокоса, инспирирајте се од нејзината нова фризура

Италијанската сексапилна глумица Моника Белучи го промени стилот – стана русокоса. Промената ...