Меган Маркл сака улога на суперхеројка во филм на Марвел

Суперхеројска во филм на Марвел, ова е новата аспирација на војвотката од Сасекс, подготвена да ја оживее нејзината актерска кариера. Во мај, пак, Меган Маркл ќе ја видиме на најголемиот моден настан -Мет Гала.

Незапирлива е Меган Маркл. Нема сомнение дека по збогувањето со кралското семејство војвотката од Сасекс има намера да ја продолжи својата филмска кариера: веста за главна улога во филм на Дизни го заобиколи целиот свет. Но, сега, таа оди понатаму: таа сака да игра суперхеројка во филм на Марвел.

„Таа сака да се врати на големото платно во улога на суперхеројка“, открива извор близок на агентот на Меган, Ник Колинс, за британскиот таблоид Дејли Меил. – Маеган  бара филм погоден за неа. Достапна е и отворена за најдобрите понуди, продолжува изворот.  „Меган организира серија состаноци во Холивуд. Таа веќе направи договор со Дизни, а сега веќе организира состаноци со Марвел“.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...