Меган Маркл се појави во јавноста облечена во син Живанши фустан

Војвотката од Сасекс е на породилно отсуство и затоа веќе извесен период е далеку од очите на јавноста. Но за церемонијата „Поздрав на боите“ во чест на 93-от роденден на Кралицата Елизабета Втора, Меган Маркл се појави во јавност во друштво на принцот Хари.

Ова е воедно и прво заедничко појавување во јавност откако Меган и Хари станаа родители. За оваа прилика, Меган носеше темносин фустан од Живанши, додека принцот Хари носеше кралски костум.

Војвотката изгледот го надополни со француска баретка и сини ракавици, а мејкапот е многу дискретен.

 

x

Check Also

Версаче со ретро кампања и Хелена Кристенсен за празничната сезона

Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер ...