Меган Маркл се породила во тајност?

Војвотката од Сасекс и принцот Хари пред неколку дена објавија дека деталите околу раѓањето на нивното прво дете ќе ги сочуваат во тајност и дека јавноста ќе биде информирана откако семејството ќе го прослави раѓањето на бебето. Британските медиуми почнаа да шпекулираат дека бебето веќе се родило, со оглед на тоа што Меган на породилно отстуство заминала на 20ти март.

-Војводата и војвотката од Сасекс се заблагодаруваат на прекрасните желби и честитки кои до сега ги примиле и се подготвуваат за раѓањето на нивното прво дете. Донесовме приватна одлука дека самиот настан на раѓањето ќе биде приватен. Јавноста ќе биде информирана за раѓањето на детето кога тоа ќе биде прославено во блискиот круг на семејството, напишале Меган и Хари, а многумина овие зборови ги протолкувале како знак дека бебето веќе се родило.

А бидејќи поминал веќе месец откако Меган е на породилно отсуство, не е невозможно бебето веќе да пристигнало. Гласините се вжештија и со неодамнешното доаѓање на пријателот на Меган во Лондон, Даниел Мартин, кој е можно да е кум на бебето.

x

Check Also

Грејс Елизабет е уште еден нов ангел на Викторија сикрет (ФОТО)

Многу гласини се врзуваа за името на моделот Грејс Елизабет и за ...