Меган Маркл се врати во Лондон и ќе се сретне со кралицата лице в лице

Поранешната актерка се врати во британската престолнина, првпат по „разводот“ од кралското семејство на 18 јануари. Со сопругот Хари таа ќе учествува во серија настани што веќе се закажани од 5. до 9. март.

Војвотката од Сасекс (38) има бројни обврски во Лондон. Денес, 5 март, таа со принцот Хари ќе присуствува на настанот Endeavour Fund Awards, настан кој ги слави луѓето кои се вратиле на вистинскиот пат откако биле жртви на несреќи. Принцот Хари ќе го отвори Силверстон на 6. март со шампионот Луис Хамилтон. Во сабота на 7.март, парот ќе учествува на Музичкиот фестивал Маунтбатен во Ројал Алберт Хол со целото британски кралско семејство. Меган ќе присуствува и на Меѓународниот ден на жената пред да учествува во Службата на Комонвелтот во понеделник. Тоа ќе биде првото лице в лице со кралицата и кралските „роднини“.

x

Check Also

Меган Маркл критикувана од Холивуд за документарниот филм на Дизни: Непотребно помпезна, како патка во езерце…

Војвотката од Сасекс беше студено пречекана од филмските критичари: таа беше наречена ...