Меган Маркл во евтини, а супер чевли од Банана Репаблик

Уште еден ден, и уште еден прекрасен моден избор на Војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

За време на посетата на Тонга, Маркл одбра син кошула-фустан со миди должина од Veronica Beard. И додека фустанот (кој е достапен во продажба) изнесува 595 долари, сандалите кои ги носи, во нежна сина нијанса и со тенка, висока потпетица, се од „хај стрит“ модната марка Банана Репаблик и чинат 89 долари!

На официјалната шопинг страница овие чевли се се уште достапни во продажба, но во друга боја, зашто сините се распродадоа само во еден ден, како што е секогаш случај со модните парчиња кои Маркл ќе ги облече.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...