Меган Маркл во фустанче од H&M од 1.300 денари

Војвотката од Сасекс се појави во бело трудничко фустанче од модната марка H&M. Фустанчето е од зимската колекција и достапно е во продажба по цена од 1.300 денари.

По веста дека двете дами на британското кралско семејство потрошиле во 2018 година на гардероба над 500.000 фунти, од кои само Меган Маркл потрошила над 400.000 фунти, додека Кејт Мидлтон потрошила поскромни 68.000 фунти, поранешната глумица се појави во ефтино фустанче од модната марка H&M. И ги освои срцата на своите симпатизерки.

Фустанчето моментно се продава на официјалната веб страница на брендот по цена од околу 1.300 денари, а достапно е во сива нијанса.

Меган овој фустан го комбинираше со капут од Армани и чанта од Стела Мекартни која чини околу 1.000 евра.

x

Check Also

Емили Ратајковски танцува во секси бикини од сопствената колекција (ВИДЕО)

Популарниот модел Емили Ратајковски, која има и сопствена линија на костими за ...