Меган Маркл во истиот зелен фустан, ама во различна модна комбинација

Женските претставнички на британското кралско семејство продолжуваат да бидат во центар на вниманието со своите модни избори.

Додека Кејт и Вилијам се на службена посета на Пакистан, каде војвотката од Кембриџ го привлекува вниманието  фаворизирајќи ја традиционалната, но многу елегантна облека, Меган го украде вниманието на фотографите носејќи го познатиот зелен фустан кој го носеше и дента кога официјално беше најавена веридбата со принцот Хари.

Зелениот фустан од Парош војвотката го искомбинира со палто од Сенталер и чевли од Маноло Бланик. Во ваква модна комбинација таа се појави на настанот WellChild Awards во Лондон. 

Изгледот е заокружен со впечатлива чанта од  Montunas која е достапна во продажба по цена од 420 евра.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...