Меган Маркл во Канада понасмеана од билокога

Со огромна насмевка на лицето, со „кежуал“ изглед, фармерки, џемпер и ниски чизми, Меган Маркл повторно се врати во јавноста во Ванкувер со посета на женското здружение Downtown Eastside Women.

Војвотката од Сасекс конечно се појави опуштено по она што британските таблоиди го нарекоа „нуклеарна бомба“, односно „разводот“ од кралското семејство.

Сепак, нема трага од синчето Арчи. Според некои извори, тој треба да биде со дадилката во домот на пријателката на поранешната актерка, Џесика Мулрони. Во објавата Здружението напиша: „Погледнете со кого имавме чај денес! Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, не посети денес за да разговараме за прашањата што ги погодуваат жените во заедницата “.

Објавата на Фејсбук беше споделена 700 пати во само една минути.

x

Check Also

Џенифер Лопез на Инстаграм со влажен изглед и портокалов кармин

Ѕвездата постојано објавува фотографии на социјалните медиуми за да испрати порака на ...