Меган Маркл во најлежерен изглед до сега, со маичка од 20 долари

На 29-ти март, војвотката од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари ја посетиле медицинската продавница за органска нега на кожа „Ила“ во Лондон, и двајцата облечени во „кежуал“ модни комбинации. Ико не станува збор за никаква офцијална ни кралска посета, парот беше пречекан од папарците, па за брзо време фотографиите стасаа на Интернет.

Меган никогаш претходно не сме ја виделе во вакво лежерно издание – маслинесто зелена јакна, фармерки, бели патики и бела маичка, а исто така и принцот Хари кој носеше сива маичка, фармерки, сиви патики и капче.

Маичката која ја носеше Меган е во чест на филмот ‘Sixteen Candles’ со принт ‘Jake Ryan’, а чини 20 долари. Достапна е во продажба на онлајн-шопинг продавницата RedBubble.

 

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...