Меган Маркл во спортска комбинација и со „Mommy“ ѓерданче

Ако сте фан на Меган Маркл, сигурно ви е познато дека таа престојуваше во Њујорк од 18-ти до 20-ти февруари, каде ја прослави својата бременост заедно со блиските пријатели меѓу кои и Амал Клуни и Серена Вилијамс. Додека фотографии од утра-приватната „baby shower“ забава не беа достапни во јавноста, папараците успеаа да направат форографии од нејзиниот „стрит стајл“ изглед.

На нејзиниот пат, назад во Лондон, Маркл се појави во необична „кежуал“ модна комбинација со ѓерданче на кое пишува “Mommy.” Слаткото ѓерданче предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи од фановите на војвотката од Сасекс, а се разбира, ја зголеми и продажбата на модната марка Џенифер Маер, каде се продаваат вакви ѓерданчиња по цена од 850 долари.

Интересен е и модни избор на Маркл – мини спортско фустанче, палто, капче, патики и предимензионирана кожена чанта. 

 

x

Check Also

Емили Ратајковски во секси фустан од Мајкл Корс

На црвениот тепих на наградите Тони, топ моделот Емили Ратајковски ги привлече ...