Меган Маркл во трислоен фустан од DIOR за крштевката на синчето Арчи

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, беше слика на елеганција, на 6-ти јули, облечена во фустан од Диор, на крштевката на нејзиниот син Арчи.

Новата мајка, заедно со нејзиниот сопруг, принцот Хари, и сите членови на семејството, се насмевнаа за официјалниот портрет.

Меган остана верна на британската традиција – одбра бела тоалета за оваа прилика. Инаку, оваа боја е симбол на чистина и на новите почетоци.

Изгледот го заокружи со соодтвена шапка за трократниот префинет фустан и, се разбира, белскавиот брачен прстен.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...