Меган Маркл во трудничко фустанче од 200 евра

Празниците завршија, а првото појавување во јавноста на војвотката од Сасекс во 2019 година, веќе се случи.

Во изминатава недела Маркл објави дека ќе биде патрон на неколку организации од областа на уметноста, заштита на животните и секако, модата. На нејзиното прво појавување во јавност во новата година, ги посети Смарт Воркс, по нејзин сопствен избор. Организацијата им помага на жените кои се невработени да ги научи како со стил да се претстават на интервјуата за работно место.

На посетата, Маркл носеше минималистичко трудничко фустанче од брендот HATCH кое чинело 200 евра.

„Малиот црн фустан“ е со миди должина и кратки ракави, а добра вест за сите оние кои сакаат да си го купат е тоа што сеуште е достапен во продажба на официјалната страница на брендот.

Војвотката од Сасекс овој фустан го комбинираше со палто во песочна нијанса од Оскар дела Рента и Викторија Бекам чанта. Ова е вторпат во краток период, Маркл да одбере модно парче од Викторија Бекам, која инаку важи за нејзина пријателка.

x

Check Also

Кејт Мос и Каја Гербер во новата кампања на Стела Мекартни

Стела Мекартни обедини два топ модела од различни генерации во новата кампања ...