Меган Маркл во црн Живанши фустан на првото самостојно појавување

За првото самостојно појавување, Меган Маркл одбра црн макси фустан со проѕирни ракави и впечатлив ремен. Модниот избор на војвотката од Сасекс ги воодушеви фановите, а многумина сметаат дека ваквиот избор потсетува на стилот на принцезата Дајана.

Фустанот е од Живанши, една од најомилените модни марки на Маркл, додека чевлите со висока потпетица се од Аквацура. Изгледот е заокружен со елегантна плик чантичка.

x

Check Also

Ирина Шаик во трендовски костум со вашки крој

На париската модна недела, супермоделот Ирина Шајк беше овековечена во момент на ...