Војводите од Сасекс ги собраа блицевите на фотографите во Ројал Алберт хол благодарение на совршениот изглед. Хари беше во црвена униформа, а Меган во црвен фустан.
Вчеравечер на музичкиот фетсивал Маунтбатен кој се одржа во Лондон, Меган и Хари го собраа целото внимание. Поранешната актерка носеше црвен вечерен фустан од „Сафија“ кој чини 1,295 фунти, додека принцот беше облечен во црвена униформа.
Настанот е еден од последните во кои тие учествуваат, како членови на кралското семејство. Војводите од Сасекс ќе ја завршат нивната „кралска“ активност во понеделник на 9 март со службата за Комонвелтот. Меган Маркл, исто така, ќе учествува на Меѓународниот ден на жената, в недела на 8 март, а потоа ќе се вратат во Канада.