Меган Маркл за сега си ја купува сама облеката

Меган Маркл е една од највлијателните жени моментно во модниот свет и постојано е во центарот на вниманието што и да облече. А многумина се прашуваат – дали Меган Маркл ја купува, односно дали ја плаќа облеката која ја носи? Одговорот е потврден. Поточно, поранешната глумица за сега сама ја плаќа облеката, бидејќи сеуште не е на кралскиот буџет. Ќе биде, по свадбата.

Секое парче облека од „гардероберот“ на Меган Маркл, за сега, е избрано и купено од неа и од принцот Хари. Дури и облеката која ја носи за формални и официјални средби и настани во кралството, не е спонзорирана и не е финансирана од кралскиот буџет, туку е нарачана од Маркл. Па оттука и за сега изборот за модни марки (познати и не толку познати) „паѓа“ исклучиво на неа, вклучувајќи ја дури и онлајн продажбата.

Интересно е тоа што на идната принцеза, за сега, не и е дозволено да зема гратис облека од славните дизајнери, односно не и е дозволено да ги рекламира.

Работите ќе се сменат по свадбата. Тогаш, облеката на Маркл ќе биде плаќана од годишниот фонд на принцот Чарлс за принцот Вилијам и Хари, како и за Кејт Мидлтон. Тројцата добиваат фантастични 28 милиони долари на располагање. А на оваа листа ќе биде вклучена и Маркл, но тоа значи дека и нејзиниот избор на гардероба оттогаш ќе биде ставен под „лупа“, поточно ќе мора да ги следи сите правила на облекување на кралското семејство.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...