Меган Маркл загуби уште една рунда во судскиот процес против Дејли Меил

Втор пораз за поранешната актерка во тужбата против таблоидот. А, вината лежи во мемоарите Пронаоѓање на слобода. Судијата тврдел дека книгата кажува друга вистина, очигледно предложена од војвотката.

Судијата ја отфрлил одбраната на поранешната актерка тврдејќи дека таа е тотално различна од онаа опишана во книгата на Каролин Дјуранд и Омид Скуби, двајца новинари „блиски“ до Сасекс. Во книгата двајцата автори известуваат за друга верзија на фактите, очигледно раскажани од самата Маркл, пренесува таблоидот Дејли Меил. Накратко, за Меган ова е вистински автогол. Всушност, самата Меган за авторите тврдела дека приватноста не и е толку важна.

Како што е познато, војвотката Сасекс ги обвини британските медиуми за „убиство на врската“ со нејзиниот татко Томас и за  еден вид упорно малтретирање на врската меѓу неа и татко и, во текот на изминатите години. Тезата е поддржана и од пет пријатели на поранешната американска актерка во интервју за „Пипл“. Судијата пак, од друга страна, ги поништи обвинувањата, нагласувајќи дека поранешната актерка намерно ги разбранувала проблемите меѓу неа и нејзиниот татко. Тогаш од неа беше побарано да плати 68.000 фунти (скоро 80.000 евра) за судски такси.

Судијата, исто така, се согласи со новинарот од Дејли Меил кој се бранеше тврдејќи дека „само се занимавал со новинарство“. Меган Маркл исто така ќе мора да плати хонорар од 2 милиони евра за нејзините адвокати. Неодамна овој трошок адвокатот на Маркл го нарече „разумен и пропорционален трошок за судењето и случајот“.

Во меѓувреме, поранешната глумица на Suits ја смени одбраната: повеќе нема да ја застапува Дејвид Шерборн, туку „ривал“ на адвокатот, Џастин Рашбрук. Шерборн важи за адвокат на папараците: минатото лето тој го бранеше JЏони Деп во тужбата против Амбер Херд.

x

Check Also

Дуа Липа го рекламира новиот парфем од Сен Лоран – YSL Libre Intense 

Поп пејачката Дуа Липа се врати во нова соработка со луксузната модна ...