манго

Меѓусезона со Mango и Zara: Поглед на новите чевли и чизми

Новите колекции дизајнирани за меѓусезоната и првите пролетни денови веќе се претставени, а продавниците полека се полнат со нови модни парчиња во кои со задоволство ќе ја пречекаме пролетта.

По тоа што до сега го видовме, лесно се заклучува кои трендови ќе доминираат. Во „игра“ остануваат каубојските чизми кои во голем избор ги најдовме во Манго, а овојпат доаѓаат во уште покреативни изданија, бои и материјали.

манго

Потоа, неон нијансата се најававува како хит на сезоната, а се вратија и популарните чизми-чорапи (во колекцијата на Зара ги има во зелена-неон нијанса).

зара

Скулптуралните потпетици доминираат во моделите на чизми и чевли од Зара.

Белите чизми, исто така, остануваат популарни и ги гледаме во колекциите и кај Манго и кај Зара.

Од палетата на бои, продолжува доминацијата и на жолтата, па така, очигледно е дека пред нас ќе имаме една модно весела пролет.

Во фотогалеријата погледнете ги нашите фаворити на чизми и чевли од Манго и од Зара.

x

Check Also

Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична ...