Мејк-ап трикови за визуелно поголеми очи

Сите знаеме дека очите привлекуваат големо внимание, затоа е пожелно да знаете како да ги истакнете на вистински начин со помош на шминките.

mejkap 2Многу жени со ситни очи вложуваат голем труд за време на шминкањето со цел нивните очи да изгледаат покрупни. Доколку и вие сте едни од нив, откријте ги малите мејк-ап трикови и направете вашите очи да изгледаат покрупни.

Сенка за очи

Користете светли нијанси за очи, особено нанесете ги околу очите.

Трепки

Свиткајте ги трепките. Ова е уште еден трик со кој вашите очи може да изгледаат поголеми. Кога ќе ги свиткате трепките тие ќе бидат обликувани и ќе изгледаат покрупни.

Молив за очи

Моливот за очи ги прави очите долги и обликувани. Но, пред се, прво морате да препознаете на кој начин моливот за очи најдобро ќе изгледа на вашето лице, на горниот или долниот капак од очите.

mejk ap1 Облик на веѓите

Обликувајте ги веѓите по вашиот облик на лицето. Заоблените и истакнати веѓи изгледаат совршено, особено во комбинација со светла шминка.

 

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...