Мејкап: Есенски неон тренд

Ако се прашувате за сеозоната пред нас што ќе биде модерно во шминката, одговорот е веќе присутен во парфимериите. Неонските бои.

ne6

Неонски усни, нокти или сенка за очи. Така вели есенскиот тренд за оние кои ја следат модата. Би можеле ли да носите неонски мејкап оваа есен? Ако сте за, почнете од ноктите.

ne1

Неон-портокаловата боја на нокти влегува во мода. Онаа која потсетува на бојата на тиквата.

Сенките за очи треба да бидат посветли, а така ќе ги осветлите и есенските често тмурни денови. Неонски ајлајнер е добар избор. Секако, пред да ја одберете неонската сенка за очи водете сметка за тенот на вашата кожа и бојата на очите. Пурпурните бои изгледаат одлично на сини очи, додека темните очи бараат посветли нијанси.

ne4

За усните пробајте со портокалов кармин. А за вечерни излегувања слободно експериментирајте со сите нијанси на сино, до виолетова неонска нијанса.

ne3

x

Check Also

Самопотемнување без флеки на телото, во неколку чекори

Стилистката Џеклин Хил која е една од најуспешните советници за убавина на ...