Мекдоналдс ја предизвикува Гвинет Палтроу со свеќи со миризба на хамбургер

По повод педесетгодишнината, Мекдоналдс објави колекција на свеќи со миризба на хамбургери. Ова преставува „фрлање на ракавица“ кон актерката и бизнисмена Гвинет Палтроу, која беше актуелна во изминатиот месец со своите свеќи со миризба на „вагина“.

Познатиот фаст-фуд ланец Мекдоналдс ја искористи кампањата на глумицата Палтроу за свеќите, лансирајќи колекција на свеќи со миризба на популарните Мекдонладс хамбургери.

-Ако може Гвинет Палтроу, можеме и ние, велат од Мекдоналдс.

Во моментот свеќите се дистрибуираат, за почеток низ САД, а најавени се како идеални за да му дадете на вашиот дом „мирис“ на сирење или кромид.

Попрецизно, станува збор за шест различни мириси: миризба на сендвич, на кечап,  кисели краставички, сирење, говедско месо и кромид.

x

Check Also

Од 24 до 26 јануари Coffee and Tea Fest во Рамстор Мол

Љубителите на доброто кафе и вкусен чај овој викенд во Рамстор Мол ...