Мелани Грифит на Инстаграм зборува за својата борба со ракот на кожа

61-годишната актерка, поранешна сопруга на Антонио Бандерас, од 2009-та година се бори против ракот.

Карцином на базалните клетки на лицето, кој актерката интензивно го лекуваше во изминатите години, се чинеше дека конечно е победен. Но за жал, работите повторно тргнале лошо. Пред неколку дена, на социјалните мрежи, Мелани Грифит постираше фотографија на која позира пред огледалото со тажен изглед на лицето и фластер на носот, соопштувајќи дека повторно се вратил карциномот на кожа.

„Преврзана повторно по дермоабразијата, последниот чекор за отструнување на канцерогените клетки кои сега се отстранети“, напиша глумицата. Инаку, Грифит многу ги користи социјални медиуми за да разговара за нејзината болест и за да ги информира и предупреди нејзните следбеници и фанови за опасностите од сонцето, потенцирајќи им да посетуваат дерматолог , да избегнуваат изложување на сонце, и при најмал сомнеж да одат на преглед бидејќи, како што тврди, ракот на кожата може да се излечи ако се открие на време.

Актерката неодамна беше подложена на хируршка интервенција која се состои од отстранување на површинскиот слој на кожата за побрзо да ја обнови. Пред извесно време, таа напиша на својот Инстаграм пофил, дека со ракот имала тешка борба и дека болеста ја спречила да работи – “Страшно е кога сте актерка и зависите од своето лице”.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...