Меланија Трамп, најубавите модни изгледи на патувањето во Индија

Додека во Париз се случува модната недела, Меланија Трамп е на службено патување во Индија со сопругот Доналд. Во Индија покажа неколку впечатливи модни изгледи.

За патувањето, Меланија одбра комбинезон со ултраминималистички дизајн од Herve Pierre. Белиот комбинезон е украсен со впечатлива марама-ремен.

Вториот впечатлив изглед беше фустан од Каролина Херера со миди должина.

Фустанот таа го носеше во комбинација со чевли од Маноло Бланик, инспирирани од стилот на Брижит Бардо.

Третиот впечатлив изглед првата дама на САД го покажа на средбата со претстедателот на Индија.

И за оваа прилика одбра дизајн од Каролина Херера. Станува збор за макси свилен фустан во индиски стил и силна розова нијанса.

x

Check Also

Топ 5 видеа за оригами, одлична забава и за децата во изолација

Барате креативна забава во периодот на домашна изолација? Или забава за вашите ...