Меланија Трамп во чевли со анимал принт: Каде да купите сличен модел на чевли по пристапна цена

На својата самостојна турнеја низ Африка, првата дама на САД носеше салонки со ултрапопуларниот „анимал“ принт.

Впечатливите чевли со потпетица од 10 см, кои ги носеше Меланија Трамп, се од луксузната модна марка Маноло Бланик, прилично се со „солена“ цена, а на официјалниот веб-сајт на брендот пишува дека се веќе распродадени. Јасно е, се што ќе облече Меланија веднаш се распродава!

Сепак, добрата вест е што сличен модел на чевли со леопард принт може да се најде во есенската колекција на Zara. Потпетицата им е пониска, но тоа ги прави уште поудобни за носење, а цената им е далеку поприфатлива.

Зара

Уште еден сличен модел на чевли со леопард принт има и во Stradivarius. Петата им е отворена, но тоа не значи дека не можеме да ги носиме со соодветен пар хулахопки и во октомври и ноември.

x

Check Also

Стопи се од попусти до -70% во Капитол мол

Нашето секојдневие е исполнето со обврски заради кои имаме помалку време за ...