Првата дама на САД, Меланија Трамп, во средата, на вториот ден од нејзината африканска турнеја, ја посети поранешната трговска зона на робови во Кејп Коуст, Гана. За оваа пригода, првата дама се одлучи за чевли од есенската колекција на шпанската „хај-стрит“ модна марка Зара.
Меланија ги комбинираше трендовските Зара чевли со принт од питон со елегантни беж-панталони и кафено сако од марката Вероника Берд (500 евра).
Питон-чевлите се од есенската колекција на Зара и можат да се купат за 2.500 денари.